Еколошката едукација претставува интегрален дел од управувањето на НП „Галичица“. Во рамки на проектот „Мрежата за искуствено учење“ НП „Галичица“ нуди четири работилници: „Млади истражувачи“, „Млади ренџери“, „Екоамбасадори“ и „Квалитет на воздух“.

Преку проектот кој започна да се реализира минатата година досега се едуцирани околу 400 деца во НП „Галичица“. Овогодинешните активностите започнуваат од март со навремено пријавување на веб страна на МИУ.

Проектот “Мрежа за искуствено учење” го спроведува Македонско еколошко друштво во координација со УНИЦЕФ, а истиот е финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDЕ).

Во истиот се вклучени 6 институции: Јавна Установа Национален парк Галичица, ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, Едукативен центар за зачувување на природата – Негрево, Народна техника – Скопје, Македонско Еколошко Друштво- канцеларијата во Ресен и Ботаничка градина.

Н.С.Ј.

Видео. Б. Стојаноски