Охридскиот кошаркарскиот клуб го претрпе третиот пораз сезонава во Втората македонска кошаркарска лига, откако го положи оружјето на гостувањето во Битола кај тимот на Медика Карта со 71-66 (12-16, 13-20, 26-18, 20-12).
„Галебите“ добро го отворија мечот и после 20 минути игра обезбедија двоцифредна предност. Домашните кошаркари во третиот квартал намалија, но не успеаја да го преземат водството. Сепак, битолчани во четвртиот квартал го свртеа резултатот во своја полза и на крајот славеа со 71-66.
Охриѓани и покрај поразот ќе останат при самиот врв на табелата, со уште изгледни шанси во борбата за првата позиција во Втората лига-запад.
OhridNews