Кошаркарите на АВ Охрид го скршија „мразот“ во Првата лига и на гостувањето кај Шкупи во Скопје ја забележаа првата победа. „Галебите“ славеа со 101-90 (19-23, 22-22, 36-15, 24-40) во првиот меч од осмата рунда.

Охриѓани до првиот триумф сезонава стигнаа со маестрална игра во третата четвртина, додека трите преостанати поминаа во знакот на Шкупи, кој не успеа да стекна некој значајна предност.

Добриот почеток на мечот на домаќините им донесе предност 7-0. Гостите од Охрид ја стабилизираа играта и стигнаа до егал 11-11. Шкупи, до крајот на првата четвртина ја врати предноста и поведе со 23-19. Избраниците на Петар Чочороски во вториот квартал констатно ја бркаа негативата, а домашните кошаркари оддолеаја на сите напади и на полувреме заминаа со позитивата стекната од првата четвртина (45-41).

Охридските кошаркари „експлодираа“ во третата четвртина. Повеќе од 4 минути не им дозволија поени на домаќините, а со серија од 11-0 го свртеа резултатот во своја полза (52-45). Од минута во минута растеше позитавата на гостите кои по триесет минути играа имаа водство 77-60.

На стартот од четвртиот квартал АВ Охрид стигна и до највисока предност од 22 поени. Ротацијата во охридскиот состав максимално го искористи Шкупи, кој успеа да намали на 10 поени негатива, но не и да се врати во игра. Охриѓани рутински го спроведоа мечот во мирен финиш за прва победа.

Поентерски во составот на АВ Охрид се истакнаа Лука Милојевиќ (17п), Рос Кенет (16п), Антонио Донески (15п), Давид Миладиновиќ (13п), Кевин Хил (13п) и Стефан Младеновиќ 913п). Кај домаќините најпрецизен беше Ервин Цого со 23 кошеви.

АВ Охрид во 9-та рунда на домашен терен го пречекува Вардар.

OhridNews