ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања –Охрид, по повод Светскиот ден на срцето, што годинава се одбележува под мотото “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”, вечерва беше осветлен во црвено. На овој начин медиционскиот тим на установата испрати порака за подигање на свеста за подобра грижа за здравјето на срцето, дотолку повеќе што кардиоваскуларните заболувања и натаму се причина број еден за смртност кај нас и во светот.

По повод Светскиот Ден на Срцето лекарскиот тим на ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, на пациентите им делеше брошури и совети кои се однесуваат на сите аспекти на превенција на срцевите заболувања.

Кампањата ЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, ја реализира во соработка со „Алкалоид“.

OhridNews