Хрватот Марин Могич го презема водството на патеката „Климе Савин“ откако се издвои од групата на десеттината маратонци кои пливаа до Трпејца. Зад хрватот е бразилецот Матеус Еванжелиста.

Патеката во должина од 25 километри од Свети Наум до Охрид ја пливаат деветнаесет пливачи, осум во женска и единаесет во машка конкуренција. Четворица од нив се учесници од Македонија.

Наградниот фонд на маратонот изнесува 12000 евра, од кои 2000 се предвидени за најбрзите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови кај Пештани на 13 km и Метропол на 19 km.

Н.С.Ј.

фото/видео. А. Момироска