Битката на младата Сара Настеска со тешката болест ги сплоти и мотивира граѓаните на Охрид. Тие денеска во  огромен број ја поддржаа хуманитарната трка што се одржа под мотото “Охрид трчаТ за Сара“, од Куба либре до центарот на градот. Сплотени во еден единствен Тим билдинг тим тие трчаа и донираа за 15 годишната Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж во Германија. Операцијата чини 200.000 евра.

Настанот, се одржа во организација на атлетскиот клуб Охрид трчаТ, Сојузот за училишен спорт, основните и средни училишта од Општина Охрид, Црвен крст Охрид и Општина Охрид.

Фото галерија:

На целта од настанот преовладуваше позитивна атмосфера и една важна порака од охриѓани за Сара која заедно со најблиските ја води најважната битка во животот.

Фото галерија:

OhridNews