Автентичната охридска угостителска приказна во Рајска долина сега има нова димензија – „Јованоски Бар & Ресторан“, прекрасно уредено место покрај Голема река кое плени со својот амбиент, спокој и убавина опкружена со природа. Идеално за бегство од летните гужви и жештини во градот.
Комплексот има нов ресторански дел покрај вода каде може да се вкуси свежа пастрмка која се одгледува во рибникот на „Јованоски“, а на менито кое внимателно е конципирано уште ќе најдете, плескавица од јунешко и телешко месо направена по сопствен рецепт да ги задоволи вкусовите на најголемите гурмани, ќебапи, џигер и пилешки специјалитет.
Покрај добро јадење и оддишка „Јованоски Бар & Ресторан“ е идеално место и за дружби, тим билдинг и други настани, но и за авантури со АТВ-а кои се изнајмуваат тука за прошетка по Плаќенска планина, Мазатар и живописната природа на овој крај.
„Јованоски Бар & Ресторан“ се наоѓа на добро познатата локација во Рајска долина, на само 15 километри од Охрид на патот за Битола, во непосредна близина на Прентов мост во подножјето на селото Куратица.
Наскоро комплексот кој се протега на околу 2000 метри квадратни, ќе биде дополнително оплеменет со патеки, парк и зеленило, а околу малото езерце во чие срце има островче, ќе никне ресорт кој стилски целосно ќе биде вклопен во природниот амбиент.
„Јованоски Бар & Ресторан“ од овој викенд ги отвора вратите за посетителите кои во летните жештини ќе можат да уживаат во свежината на Рајска долина и природниот лад покрај река од чија вода се одгледува автохтона риба. Комплексот ќе работи секој ден од 11 – 19 часот.
Г. Момироски
Фото и видео: Бобан Стојаноски