На Европскиот форум за врвен квалитет и менаџмент, што во организација на Сократ комитетот за номинации и Европската медицинска асоцијација кои делуваат при престижната организација „Europe Business Assembly“ од Оксфорд, Англија, се одржа синоќа во Кан, Франција, Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид доби високо признание за најдобра ординација „BEST HOSPITAL AWARD“. 

Воедно стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ се стекна со дополнителна интернационална лиценца, што е потврда на извонредниот квалитет и успешноста на оваа здравствена организација во развојот на денталниот туризам.

Наградата ја прими менаџерот и сопственик на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ Д-р Небојша Баткоски, кој на цеременоијата беше придружуван од неговата сопруга магистер по фармација Марица Угриновска Баткоска.

-Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во изминатите 3 децении успешно ја стекна довербата на нашите пациенти. Филозофијата на нашиот успех е базирана на три столбови: врвна едукација на персоналот, високо технички и технолошки екипиран центар и прифатливи цени. Сето ова е надополнето со високо ниво на професионализам и индивидуален пристап кон секој пациент. Ние силнo веруваме дека овие вредности претставуваат основа на постојаниот раст. Нашите странски пријатели не посетуваат во голем број затоа што тука може да пронајдат и комплетен одмор. Нашиот персонал е подготвен да одговори на вашите барања по добивањето на вашиот e-mail. Во изминатите години денталниот центар „Д-р Баткоски“ беше место каде беа успешно изведени голем број најразлични дентални интервенции кај деца и возрасни од сите страни на светот, но најмногу од Велика Британија, Австралија, САД, Словенија, Германија, Швајцарија и други европски земји. Ние работиме со најдобра и докажана техничка опрема следејќи ги најновите достигнувања во модерната стоматологија. Ние нудиме индивидуален пристап за секој пациент и може да се каже дека речиси нема проблем кој не може да биде решен. – истакна Д-р Баткоски.

Оваа престижна европска награда е уште една потврда на знаењето на македонските стоматолози и доказ дека можат да се носат рамо до рамо со колегите од Европа. Истовремено тоа е потврда за големиот потенцијал на Охрид за развој на денталниот туризам на што, како што е познато, Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ работи интензивно изминатите години.

-Пред неколку години сосема спонтано се роди идејата за афирмација на Охрид како важна дентално – туристичка дестинација. Знам дека имаме врвна стоматолошка и туристичка понуда во која лежи огромен потенцијал. Изминатиот период се вложивме во поставување на основите на овој проект, а сега веќе сме длабоко навлезени во неговата реализација. Оттука го истакнувам моето задоволство што секоја година сé повеќе странци доаѓаат тука за да одмораат, но, особено да добијат врвна европска стоматолошка нега во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид. Верувам дека со ваква динамика, во најскора иднина овој стоматолошки центар ќе биде една од клучните точки на Балканот каде што силно ќе пулсира духот на стоматолошкиот туризам. – истакна неодамна во разговор за второто издание на специјализираниот магазин „Наше Здравје“ Д-р Небојша Баткоски.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ освен по квалитетот на услугите и врвниот професионализам, се издвојува од конкуренцијата и по општествената одговорност и бројните хумани и хуманитарни акции кои во континуитет ги поддржува оваа здравствена установа, која од синоќа го има предзнакот за европски квалитет.

OhridNews