Комуналната инспекција со асистенција на полицијата неодамна спроведе акција за отстранување на нелегално поставената опрема во старата охридска чаршија. Отстранети беа маси, столици и друга опрема која незаконски била поставена на јавна површина и го попречуваше слободното движење.

Но, сега минувачите и дуќанџиите се соочуваат со друг проблем. Низ чаршијата се возат велосипеди и мотори, кои ја загрозуваат безбедноста на пешаците.

-Сите сме за ред и безбедност, но ова е далеку од тоа. Ја нема урбаната опрема па сега велосипедите и моторите „летаат“ низ чаршијата. – се жалат дуќанџиите.

Дуќанџиите бараат надлежните и полицијата да преземат мерки и да ги заштитат нив и нивните муштерии од несовесните граѓани.

OhridNews