Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа над Прилеп во 2 коло од Супер лигата. Вечерва во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид – РК Прилеп 33:26, полувреме 16:10.
„Гладијаторите“ добро го започнаа мечот. Цврсто во одбраната, разноврсно во нападот. Поведоа и веднаш створија осетна разлика која ја одржуваа во текот на целото прво полувреме кое го добија со +6.
И во второто полувреме иста слика. Охрид подобар, Прилеп борбен, но недоволно за нешто повеќе. Охрид рутински стигна до убедлива победа и први бодови во новото првенство.
Поради повреда мечот пред време го заврши домашниот ракометар Тоше Ончев.
Најефикасен на натпреварот беше Никола Грубиќ од ГРК Охрид со 7 голови.
Фото галерија:
Триумф на ГРК Охрид во премиерата пред својата публика во новата сезона во Супер лигата
Горан Момироски
Фото: Анамарија Момироска
Видео: Крсте Симиџиоски