Извонредниот женски музички состав од Нови Сад, Србија, “The Frajle”, вчера вечер на плажата Градиште 2 приредија концерт за паметење.
Ведри и темпераментни, дамите од “The Frajle” одлично ја расположија присутната публика која концертот го следеше од копно и од вода. Таа заедно со нив ги пееше хитовите „Штиклице“, „Ich liebe dich“, „Фина“, како и преработните на популарните рефрени на најдобрите балкански песни и пејачи, меѓу кои и „Во коси да ти спијам“ на Тоше Проески што предизвика лавина од емоции.
Во коси да ти спијам од Тоше во изведба на “The Frajle” – (360 video)
“The Frajle” приредија концерт за паметење на плажата Градиште2
OhridNews
видео и фото: Стојан Стојаноски