Незадоволство и револт владее кај голем број навивачи на македонската фудбалска репрезентација кои вечерва не успеаја да влезат на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје за да го проследат мечот од квалификациите за пласман на ЕП помеѓу Македонија и Словенија.

Како што тврдат незадоволни навивачи кои ја контактираа нашата редакција, проблемот бил во тоа што гледачите кои немале обезбедено влезници претходно, не можеле да купат непосредно пред почеток на мечот, затоа што билетарата на стадионот била затворена. Исто така тие тврдат дека на гледачи кои имале билети за мечот, некои од нив задоцниле, не им бил дозволен влез. Атмосферата во еден момент станала тензична, по што обезбедувањето на влезовите пред Јужната трибина биле засилени со припадници на специјалната полиција.

Инаку стадионот во Скопје не е целосно исполнет, но и покрај тоа што има повеќе од десеттина илјади слободни места голем број љубители на фудбалот од целата земја, меѓу кои и од Охрид останаа надвор од арената на која силите ги одмеруваат Македонија и Словенија. До 71та минута Македонија има водство од 2:0.

OhridNews