Првото издание на Фестивалот на водени спортови (Ohrid water festival) започна викендов и ќе трае до 27 август. Ќе содржи вкупно 17 спортски манифестации, како и социјални и едукативни настани и презентација на автентични локални јадења.
Први на мегдан во саботата излегоа веслачите, а веднаш потоа и пливачите. На Meѓународната охридска веслачка регата што се одржа на 1000 метри долгата патека од Горица до островчето пред Палас, во организација на ВК „Горица Ремо“, се натпреваруваа клубови од Македонија, Србија и Бугарија во скиф и дубл.
Во организација на ПК „Акваспирит“ на отворениот базен во Охрид се одржа „ОВФ Пливачки митинг“ (OWF Swimming Meet), на кој учество зедоа 15 клубови со околу 150 натпреварувачи. Добитниците на медали и резултатите може да се видат на следниот линк.
Фестивалот на вода денеска продолжува со традиционалната Илинденска кајакарска регата и триатлон.
Г.М.