Собранието на Република Македонија наскоро треба да го разгледа и узвои третиот анекс на договорот за изградба на автопатот Охрид – Кичево, по што се очекува работите да се интензивираат и истиот етапно да биде ставен во функција. Ова денеска го најави вицепремиерот Кочо Анѓушев при посетата на градилиштето од автопатот кај селото Врбјани, каде во тек е изградбата на два тунели долги повеќе од два километри. Тој истакна дека цената на чинење на автопатот е корегирана надолу, што се должи на новите услови и договори за изградба и изрази надеж дека политилката ситуација и евентуални нови избори нема да се одразат на динамиката на изградба на автопатот.

Директорот на ЈП Државни патишта Зоран Китанов, изрази надеж дека пролонгираниот рок за изградба на автопатот – 2021 година, ќе биде испочитуван, како и дека истиот ќе биде продолжен до Струга и ГП Ќафасан.

Се очекува во функција најпрвин да биде ставена делницата во должина од околу 30 километри од Охрид до селото Врбјани, а потоа и останатиот дел кон Кичево каде се изведуваат најкомплицираните зафати, мостови, вијадукти и тунели.

Г.М.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: