Голем број симпатизери вечерва се собраа прерд седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид каде ја прославија победата на парламентарните и претседателските избори.

ВМРО ДПМНЕ оствари уверлива победа на двојните избори. Гордана Силјановска Давкова е нов претседател, а опозцијата освои 59 пратенички мандати на парламентарните избори.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој предочи дека изборниот резултат значи и голема одговорност за ВМРО ДПМНЕ.

На оваа генерација и останува да покаже дека може да оди напред и Македонија може да биде европска држава во којашто младите ќе ја пронајдат својата иднина, рече Пецаков.

Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и пратеник во новиот состав на парламент, истакна дека на изборите победила Македонија.

Ова е последна шанса и за нас и за државата. Имаме одговорност и кон нашите родители и кон нашите деца. Или ќе направиме држава или ќе си одиме сите од оваа држава, рече Донев.

Ова беа седми претседателски и единаесетти парламентарни избори во Македонија.

Г.М.
Фото: Анамарија Момироска