Патнички автомобил попладнево се запали на улица „Илинденска“, во стариот дел на Охрид.
Со навремена интервенција на Професионалната противпожарна единица од Охрид, опожарениот автомобил брзо беше изгаснат.
Истрагата треба да ги утврди причините за опожарувањето на автомобилот.
Г.М.