Со автомобили со вклучени сирени и развиорени знамиња, членовите на навивачката група Рибари вечерва со караван низ улиците на Охрид ја најавија големата прослава по повод 30-от роденден, идниот викенд.
Главната прослава ќе биде на 9 и 10 ноември, а ќе заврши со обединување на сите генерации Рибари на ракометното дерби од Супер лигата, Охрид – Пролет, што се игра идната недела.
На роденденската прослава на навивачката група Рибари ќе присуствуваат гости – навивачи од земјава и странство.
Рибари ја најавија големата роденденска прослава
OhridNews
видео&фото: Емил Јовановиќ