Граѓаните на Кочани денес со протест пред општинската зграда бараа одговорност за несреќата во која загинаа и се повредени голем број млади лица.
Протестот почна мирно, но состојбата ескалираше кога дел од граѓаните пред општинската зграда почнаа да фрлаат со јајца и бараа да излезе градоначалникот Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка.
Група граѓани го демолираа и кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Н.С.Ј.
видео. OhridNews