Синоќа во лаунџ барот Барон во Охрид, беше промовиран вториот видео-запис на петнаесетгодишната Натали Илијоска.
Всушност се работи за преработка на песната Let Her Go од Passenger, во аранжман и продукција на успешниот охриѓанец Даниел Јовески.
Тој вели дека во видео-записот се работи за мини приказна, која најдобро може да се долови доколку спотот се гледа.
„Задоволен сум повеќе од очекуваното, бидејќи записот го снимавме за многу кратко време, а сцените се исклучиво на зајдисонце. Приказната држи внимание, а Натали е доста талентирана. Со неа, имавме соработка и пред две години, а очигледно може да се забележи напредокот кај овој наш талент.“ – вели Јовески.
Натaли Илијоска, која е ученичка во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, истакнува дека е голем фан на Passenger, a со песната „Let her go” ја поврзуваат многу работи.
„Музиката ми е животот и неизоставен дел од моето секојдневие. Најпрво би сакала да го завршам средното образование, а потоа би размислувала за музичка академија во Германија. Го обожавам соло пеењето, но исто така сакам да продолжам со флејта и гитара. За понатака, откако ќе стекнам доволно искуство, планирам да создавам авторска музика.“ – вели Илијоска.
Инаку, на Натали ова и е втор втор видео-запис. Таа на 13-годишна возраст преработи тема на „Rascal Flatts“, и беше вистински хит на youtube и социјалните мрежи.
O.T.