Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа на улица „Андон Дуков“ бр. 29. За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, која интервенирала до 02:35 часот.
Во пожарот се зафатени греди, врати, прозори и целата покуќнина. Станува збор за куќа во која не живее никој, напуштена. Интервенирано е со четири возила и шест пожарникари. Куќата е лепенка со други куќи и имаше опасност за проширување, но со навремена интервенција спречено е проширување на другите објекти, вели заменик командирот во Територијалната противпожарна единица Охрид, Коста Кузмановски.
Освен настанатата материјална штета нема повредени лице. Причините за избувнувањето на пожарот треба да ги утврди истрагата.
Н.С.Ј.