Охриѓани денес на Градскиот плоштад имаа можност одблиску да се запознаат со вооружувањето, борбените системи, воената опрема и техничките средства на Армијатаох на РС Македонија.
Настанот започна со показна вежба во водите на Охридско Езеро кај пристаништето предвидена како препад на пловен објект реализирана од страна на припадниците на Баталјонот на специјални сили. Во вежбата беше вклучен и хелихоптер на Ми 17 од составот на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.
Денес го одбележуваме денот кога пред 75 години на 4 април 1949 година во Вашингот е потпишан Северноатланскиот договор и е формирана Северноатланската алијанса на НАТО, рече во обраќањето пред присутните Чедо Спасески, постар водник прва класа.
Покрај одбележувањето на 75 години НАТО, денес одбележуваме и четири години од членството на Република Северна Македонија во НАТО, откако на 27 март 2020 година станавме 30-та членка на НАТО Алијанската. Со зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО се реализираше една од нашите најголеми стартешки цели која беше заеднички зацртана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверинитет на Република Северна Македонија. Ние сме еднаков дел од големото семејство на развиени демократии кое обединува безмалку 1 милијарда луѓе и 50% од светскиот бруто домашен производ. Ние сме НАТО, рече во обраќањето пред присутните Чедо Спасески, постар водник прва класа, додаде Спасески.
Охриѓани имаа можност да проследат и приказ на боречки вештини и опрема од страна на Баталјонот на специјални сили, а на работните точки беше поставено и дел од вооружувањето, борбените системи и опрема од Првиот пешадиски баталјон, Баталјонот на воената полиција, Баталјонот за врски и Извидувачко-разузнавачкиот баталјон.
Охриѓани одблиску се запознаа со вооружувањето, опремата, борбените системи на АРМ
Н.С.Ј.