Охрид викедов живее со атлетиката, a „Охрид трчаТ“ е повеќе од спортски спектакл. Ако во основа е афирмацијата на атлетиката како спорт, во позадина е збир на спортски, рекреативни содржини, дружење, забава, но и промоција и уживање во убавините на Охрид и Охридското Езеро.
Дека „Охрид трчаТ“ буди се поголем интерес и внимание, говори и бројката на учесници на шестото издание, но и фактот дека натпреварувачи од земјава и а странство веќе по традиција се дел од „Охрид трчаТ“.
Охриѓани, пак, од своја страна веќе го препознаваат настанот како свој и се позабележителна е масовноста и нивното присуство низ улиците, давајќи им поддршка на натпреварувачите.
Натпреварувачите од друга страна, според организаторите, кога веќе полека се смируваат впечатоците се одушевени и задоволни од целокупната организација на тридневниот настан.
Охрид викедов живее со атлетиката
Позитивната енергија меѓу учесниците на трките, на партнерите на самиот настан, но и од организаторите дава уште еден плус повеќе со кој овој настан се издигнува на уште повисоко ниво.
Голем е бројот на компании, организации и асоцијации кои настапуваат организирано и испраќаат моќни пораки, а на настанот се присутни и со свои штандови како поддршка. Меѓу нив и Костал Македонија како традиционален поддржувач на „Охрид трчаТ“.
90-тина вработени на Костал Македонија зедоа учество на овогодинешното издание на „Охрид трчаТ“, а манифестацијата на силниот тимски дух на вработените беше крунисана со одлични индивидуални резултати, но најважното од се’ – Костал Македонија го зазеде вредното прво место во тимска конкуренција во трката на 5 км!
Екипно на пиедесталот во машка конкуренција во трката на 5 км. се искачи уште една екипа на охридска компанија, ЛТХ Леарница, која го освои третото место.
За потсетување, Дарио Ивановски во машка и Адријана Поп-Арсова во женска конкуренција триумфираа на 21 километарската трка на шестото издание на „Охрид трчаТ“, на кое учествуваа 1300 натпреварувачи од 18 земји.
Ваквите спортски настани испраќаат силна порака за афирмација на спортот, здравите животни навики, и поголема промоција на Охрид како туристичка дестинација.
OhridNews