Во среда, 19 април, започнува со работа Боречкиот Клуб „Аждер“. Тука ќе се учат и практицираат боречки вештини, а со спортистите ќе работи соодветен стручен кадар.

Боречки вештини се систем на кодифицирани вежби и се еден вид на уметност и знаење. Дел од вештините спаѓаат и во групата на борбени спортови. Сите Вие кои сакате да бидете дел од категоријата боречки вештини и сте љубители на боречките спортови, добредојдени сте од среда 19.04.2023, порачуваат од Боречкиот Клуб „Аждер“.

Боречкиот Клуб „Аждер“ ќе работи во модерно опремени простории во комплексот „Кам Вилиџ“.

OhridNews