Охриѓани и многубројните гости на градскиот плоштад во Охрид ја дочекаа Новата 2024 година со голем огномет.
Атмосферата ја загреаја диџеите Јана Слеј и Багзи, Татјана Стефановска, по што следеше настапот на ДНК, Нино Величковски и групата „Фортуна“.
Новогодишната прослава на плоштадот во Охрид продолжува на 1-ви јануари, точно на пладне, со настап на групата „Балкан џем“ и Драган Мијалковски.
Г.М.
Фото и видео: Бобан Стојаноски