Членовите на нуркачкиот центар „Акватек“ самоиницијативно ја извадија од Охридското Езеро кадата која несовесен граѓанин неодамна ја фрлил во водите на нашето најголемо природно богатство заштитено од УНЕСКО.
Пред неколку денови членот на нуркачкиот центар, Никола Паскали при рутинско нуркање во езерото во близина на градот забележал када на езерското дно. Фотографиите од овој немил и несекојдневен настан за кратко време станаа вирални, а јавноста силно го осуди несовесното однесување на непознатиот сторител, што за жал го покажува ниското ниво на еколошка свест што владее кај нас.
„И ветар да вее и бура да коси и бран да фати, зборот е збор… кадата е извадена…“ – напишаа нуркачите од Акватек по еколошката акција во Охридското Езеро.
OhridNews
видео и фото: Никола Паскали