Охрид е пред целта. Сплотен и хуман секојдневно и пружа голема морална и материјална поддршка на младата Сара Настеска, на која треба да и биде извршена трансплантација на коскена срж во специјализирана детска болница во Германија, која чини 200000 евра. Таа боледува од „Anemia Aplastica“, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

Во хумана мисија синоќа во исполнетиот Центар за култура “Григор Прличев” беа артистите од Охрид: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Јован Куциноски, Јане Тодороски, Зоран Донев/Јован Цветкоски/Илија Богданоски/Никола Сиљаноски/Јордан Коцевски. Тие одлично ја расположија и до солзи насмеаја публиката, испраќајќи силна поддршка за Сара од хуманиот Охрид.

Настаните за поддршка на Сара со несмален интензитет продолжуваат и во наредните денови, а Народниот театар Охрид претпремиерата на новата претстава која е во завршна фаза на подготовка целосно ќе ја посвети на младата сограѓанка.

OhridNews
фото: Анамарија Момироска