Краткотрајното, но интензивно невреме што попладнево го зафати Охрид, предизвика материјални штети. Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда на улица „Мирче Ацев“ чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството. За среќа нема повредени.

Локалните жители раскажуваат дека оштетувањата на објектите се сериозни.

Невремето за кратко ги претвори охридските улици во реки, а од ветрот оштетени се столбови, кабелски инсталации, како и дрвја.

Од центарот за управување со кризи информираа дека примиле пријави за предизвикана штета од кратркотрајното невреме што го зафати Охрид.

Краткотрајно силно невреме попладнево го зафати Охрид

Силниот ветер, како што дознаваме, оштетил најмалку уште еден покрив од цврста градба на истата улица, при што предизвикана е материјална штета на објекти и возила. Тоа ги потврдува исказите на вознемирените локални жители дека интензитетот на невремето во овој дел на градот бил исклучително силен.

Г.М.