Нов пластичен контејнер, поставен неодамна на улицата „Никола Карев“, попладнево целосно изгоре поради невнимание на неодговорен граѓанин. Неофицијално, пожарот е предизвикан од зажарено дрво. За неколку минути огнот ја стопи пластичната конструкција. И покрај брзата интервенција на охридската противпожарна служба, контејнерот целосно е уништен.

Ова не е прв пат да биде опожарен контејнер на оваа улица. Овој е четврти или петти. Навистина неодговорно. Едноставно на некои луѓе не им е воопшто гајле за јавните добра. Побаравме „Комуналец“ да ни постави метален контејнер, бидејќи пластичните од пожар целосно се уништуваат, но повеќе немало такви. Среќа што немаше паркиран автомобил во близина, штетата можеше да биде поголема. – истакна во разговор револтиран граѓанин од населбата „Билјанини извори“.

Од охридската противпожарна служба велат дека многу често се опожаруваат пластичните контејнери во градот, што е само уште една потврда за недговорниот однос на поединци кои скапо ја чинат заедницата.

OhridNews