Повеќе илјади граѓани вечерва се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде мирно и во тишина го изразија својот револт предизвикан од големата трагедија што се случи на 16 март во Кочани каде во пожар загинаа 59 лица, во најголем дел млади.
На протестот немаше говори и обраќања, граѓаните мирно и достоинствено палеа свеќи и истакнуваа транспаренти со емотивни пораки.
Мирни протести денеска се одржаа во повеќе храдови на земјата, меѓу кои и во Охрид.
Г.М.
Марш на охридските средношколци во знак на солидарност со Кочани (видео+фото)