Охрид вчера беше успешен домаќин на врвен европски спортски настан. Задоволството е поголемо затоа што ГРК Охрид во првиот натпревар од 2 коло од ЕХФ купот, на домашен терен ја совлада романската екипа Потаиса Турда со 31:25. Гледачите во салата „Билјанини извори“ беа сведоци на извонредна ракометна претстава на „Гладијаторите“ за која познатата охридска продукција „Digital Box“ изработи креативно видео.
Атмосферата беше одлична. „Рибарите“ направија прекрасен амбиент, а се започна со кортео низ улиците на Охрид. Пред салата имаше Фан зона каде настапи Dj Face, a навивачите добро се загреаја за мечот кој понуди многу возбудувања. Како изгледаше ракометниот празник во Охрид погледнете во галеријата што ја подготвија фоторепортерите на Охридњуз Анамарија Момироска и Бобан Стојаноски.
Како изгледаше ракометниот празник во Охрид
Г.М.