Италијанецот Алесио Очипинти со време од 2 часа 47 минути 33 секунди стигна прв на првиот летечки спринт во Пештани и трета мерна точка на 36. Охридски пливачки маратон, додека во женска конкуренција за 2 часа 49 минути 36 секунди прва пристигна французинката Каролин Жуис.
Втор во машка конкуренција пристигна италијанецот Марко Инглима, додека трет аргентинецот Матијас Дијаз. Втора во женска конкуренција стигна Туна Ердоган од Турција.
По Пештани маратонците продолжуваат кон Лагадин. Вториот спринт е кај Свети Стефан. На двата спринта предвидени се награди од по 500 евра во машка и женска конкуренција.
Н.С.Ј.
видео/ фото. А. Момироска/Б. Стојаноски