Точно во 8:30 часот стартуваше трката на 21 километар во индивидуална конкуренција и штафети, а пет минути подоцна започна трката на 5 километри.

На седмото издание на Охрид трчаТ учествуваат близу 2000 тркачи од 28 земји.

Наградниот фонд за победниците на 21К е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција, а тие ќе добијат и бисери од Филеви.