Ракометарите на Охрид ја забележаа првата победа во продолжението од Супер лигата совладувајќи го составот на Прилеп со 35-19 (18-9) во СРЦ „Билјанини Извори“.

„Гладијаторите“ до триумфот стигнаа на рутина. Охриѓани во целост ја оправдаа фаворитската улога и не оставија ништо на случајност. Најдобриот состав стекна предност по 15-тина минути игра (12-4), а потоа на сцена настапија помладите ракометари. Свежата крв во охридскиот не само што ја задржа, туку ја зголеми на убедливи 16 голови (35-19).

Мечот покрај убедливата победа го одбележа четиригодишниот јубилеј на „Blue Force“ која е најголема подгрупа во навивачката група „Рибари“. Триумфот исто така послужи и за најава за средбата со Еурофарм Работник која ќе се одигра в среда.

РК Охрид: Брауновиќ (12 одбрани), Ф. Ивановски (6 одбрани), К. Андоноски 4, М. Ивановски, Блажески 8, Димитриески 3, Соколов, Д. Андоноски, Трпчевски 4, Ристески 5, Симоноски 1, Димитријески 2, Петровиќ 6, Везенковски 2, М. Иваноски.

РК Прилеп: Талески (11 одбрани), Ангелески (1 одбрана), Мурѓески, Ѓероски 3, Д. Трајкоски, Свртинов 4, Јосески 1, В. Трајкоски 5, Илиески, Темелкоски 3, Павлов 1, Стојаноски, С. Трајкоски 2, Крстески.

OhridNews