Македонскиот претставник на регионалното музичко шоу X – Factor, Даниел Кајмакоски, синоќа во шестата елиминациона емисија во живо имаше извонреден настап и обезбеди пласман во понатамошното натпреварување. Тој сам на сцената ја изведе баладата „Stay“ од групара „Hurts“ која, како што изјави подоцна, му била една од омилените. Публиката со овации го поздрави настапот на Даниел,а жирито имаше само пофални зборови, дури и неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ кој претходно му замери на Даниел за одлуката во негово отсуство да го промени изборот на песната.
Од шоуто испадна Харис Ќато, кој беше во двобој со Лукијан Ивановиќ.
Фото галерија од шестата елиминациона емисија на X – Factor
Извонредниот Даниел Кајмакоски
Илма Карахмет
Маид Хаќимовиќ
Алекса Перовиќ
„Доктори“
„Александра Брковиќ“
Лукијан Ивановиќ
Шоуто го напушта Харис Ќато
OhridNews