Премиер Лигата викендов ќе ја имаше предпоследната епизода. Во последната 38 рунда ќе се решава шампионот и тоа помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед. Избраниците на Карло Анчелоти имаат бод предност, а на Стемфорд Бриџ го пречекуваат Виган, додека ѓаволите на домашен терен го пречекуваат Стоук, а во мислите ќе им биде резултатот од натпреварот во Лондон.

Дербито во 37-то коло од Премиер Лигата му припадна на Челзи совладувајќи го Ливерпул со 2-0. Манчестер со минималниот триумф од 1-0 над Сандерленд ја задржа шансата за четвртата титула по ред во Премиер Лигата. 

– Нашата работа си ја завршивме победивме против Сандерленд што е многу битно. Се што можеме е да триумфираме повторно со Стоук и да се надеваме Челси да не го совлада Виган, изјави Сер Алекс Фергусон.

Френк Лампард е задоволен од победата над Ливерпул која го однесе Челзи на чекор до титулата во Премиер лигата.
– Победата беше одлична поради тоа што не започнавме добро. Вторниот гол беше големо олеснување за нас, тоа ни беше потребно по неколкуте промашени шанси во првиот дел, среќен сум што мојот гол ни донесе олеснување и самодоверба да го приведеме натпреварот до крај – рече Лампард