Македонската ракометна репрезентација на Светското првенство 2025 што се игра во Хрватска, Норвешка и Данска, ќе има голема поддршка од верните навивачи.
Фалангата, во која има и голем број охриѓани, го „окупира“ Вараждин, Хрватска, каде нашата репрезентација ќе ги одигра натпреварите од групната фаза. Атмосферата е одлична што е добра најава за пресметките на Македонија со Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Првиот натпревар „црвено-жолтите“ го играат вечерва против Унгарија која важи за фаворит, но со добра поддршка од трибините, која очигледнио нема да изостане, се е можно.
Напред Македонија!
Г.М.