Детски џагор и насмеани лица го исполнија семејниот настан што денеска се одржа во Трговскиот комплекс „Кам Вилиџ“, спроти реновираниот и подновен КАМ маркет.
На настанот најмалите имаа можност да цртаат и за својот цртеж да освојат супер награда од КАМ маркет. Кам маркет, пак, на присутните им подели продукти за освежување од своето портфолио.
Кам Вилиџ овој викенд (од 8 па до 11 јули) организира низа на настани и случувања, со што и официјално го отвори летото во КАМ Вилиџ како место за квалитетен шопинг, заштитени од сонцето и во пријатна атмосфера.
OhridNews