Авионот „Боинг 737“ на авиокомпанија „Перу ерлајнс“, кој пренесувал 141 патник, се запалил и се лизнал од пистата по слетувањето на аеродромот „Франциско Карле“ во Перу.

– Кога слетавме, нашиот „Боинг 737-300“ се преврте на десната страна и се лизна од пистата. Високиот професионализам и искуството на нашите вработени спречија да дојде до поголем инцидент – изјавил претставник на компанијата.

Ниту еден од патниците немал сериозни повреди.

Министерството за транспорт и врски на Перу, изјави дека авионот се запалил како резултат на „присилно слетување“.

OhridNews