Екипите на АСП ПАК и Камионски делови Бос ќе се сретнат во финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2022“, што се игра во Мешеишта.
Во полуфиналните натпревари што се одиграа вечерва, АСП ПАК убедливо ја совлада екипата на Враништа БЗ со 6:1, додека во драматичен меч кој беше одлучен на пенали, Камионски делови Бос ја совлада Пекара Лихнида. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а пенал рулетот со 4:3 го доби екипата на Камионски делови Бос.
Финалето на 47-то издание на турнирот „Петровден 2022“ во Мешеишта, ќе се одигра на 12 јули, на празникот Петровден.
Фото галерија:
АСП ПАК рутински, Камионски делови Бос по пенал драма во финалето на турнирот „Петровден 2022“
Г.М.