Минатогодишниот победник АСП ПАК и Вабко Сервис Џуте ќе играат во финалето на 48-то издание на најстариот и најпознат турнир во мал фудбал на овие простори, „Петровден 2023“ во Мешеишта.

Во супер интересните и неизвесни полуфинални средби АСП ПАК минимално со 1:0 ја совлада екипата на Др. Баткоски, додека Вабко Сервис Џуте пласман во финалето обезбеди откако на пенали ја совлада екипата на БЗ Груп Враништа со 3:2. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 0:0.

Вторник е слободен ден, а во среда се играат натпреварите за 1 и 3 место.

Среда 12.07.2023

Натпревар за трето место
20:30 БЗ Груп Враништа – Др. Баткоски

Финале
22:00 АСП Пак – Вабко Сервис Џуте

Г.М.