Неверојано како лугето се држат на формалности кои се својствени за редовни состојби во одвивањето на животот!
Како ги релативизираат работите!
Прочитајте ги сите “мудрувања” на моја објава од вчера, 30 март. Објавив две фотографии, за турканици, безмалку тепачки, пред влезовите во Шпар Касе – Охридска Банка во Охрид и Стопанска Банка во Тетово. Во вториот случај и видео материјал. Ова беше мојот коментар: “Дополнителната заменичка во МВР,Славјанка “се прослави” со изјавата дека банките самите треба да направат ред!Како?”.
Безмалку ме направија неинформиран, безмалку неписмен! Те како во “кризниот стожер” било договорено институциите сами да си го воспоставуваат редот! Те како Славјанка била во право? Јас не кажав дека не е во право, кога мислиме на формално-правниот аспект. Но, од суштински аспект, не е во право. Најнапред, го премолчи прашањето на Менче Точи! Портпаролот водител, мораше повторно да ја потсетува!? Но, тоа е најмалиот проблем. Не можам да разберам, како за партиските војници – од сите бои и дресови, се е добро што ќе го кажат “нивните”!? Прочитајте ги коментарите и ќе видете, ќе ја почувствувате партиската диоптрија и партиската боја во нивните глоасови!
Како за случајот со големиот кинески водач МАО: На времето, ја препливуваше Јанг Це, а “20 метри зад него водата беше совршено слатка”!? Ова не е досетка, ова е вистинска информација на партискиот кинески Агиптроп (ПР). Ова добро е да го прочитаат помладите.
Сликата од вчера се повторува и денеска. Вака беше сабајлево. Утре, недај боже, ќе се тепаат!!!
Тогаш, зошто ни се сите силни полициските часови, ака вака се ќе уништиме!? Се ќе потрошиме! Полициските часови се за да добиеме во време во битката? Успехот се мери во бројот на заштедените денови.
Во неделата се враќав од моето Црвена Вода. Малку задоцнив, за да се вратам навреме – согласно мерките и полицискиот час. Се јавив во Полиција. Отворено им кажав дека задоцнив и дека неможам да стигнам, дека малку можеби ќе прекардашам! Дежурниот беше крајно љубезен, рече дека ме разбира, но дека тој не може да ми даде дозвола. Сосема во ред.
На патот, од Ново Село до бензинската пумпа на Макпетрол кај Подмоље (тука беше полициската патрола), верувале или не, во спротива кон мене, не се разминав со ниту едно возило!? Само едно, забележав со струшка регистрација, ме претекна. Слика неверојатна.
Така беше и низ Охрид. Речиси никој по улиците. Мртва тишина! Човек да се израдува. Така е преку ноќ.
За жал не е така преку ден. И натаму деца играат во групи. И натаму пред малите дуќанчиња комшивките пијат кафе една до друга.Во супермаркетите се одржува ред, што се однесува до влезот. Внатре имаат поставено ознаки, за растојание. За жал, на касата – тој зад вас ви дише во вратот! Е тоа не е веќе работа на менаџерите. Каде што јас пазарам нема приватно обезбедување. Вработените сами го создаваат редот. Дисциплината надвор е добра, но не и внатре.Тука е одговорноста само наша.
Одговорноста е наша и кога се туркаме пред банките. Пари ќе има за сите. Ако не денеска – утре. Ако не утре – задутре. Нема оправдување и за тоа што постарите лица не знаат да ги користат платежните картички, за да повлечат средства од автоматите. Ако не знаат тие – знаат нивните синови, ќерки, внуци и внуки. Знаат и други, нека ги замолат, нема да бидат одбиени.
Да завршам, ние говориме за вонредна ситуација. Полицијата, кога се во прашање банките, не смее да стои настрана. Тука формалности не помагаат. Приватното обезбедување е само за на вратата и внатре. Што правиме сега со редицава? Се зголемуваат од ден на ден!!!
Не држи објаснувањето на Славјанка дека бројот на полицајците е ограничен и дека се поприоритетни на друго место. Дека таков е договорот! Ангажирана е и војската. Полицијата е секаде, каде е народот. Ако бројката на собирањето се зголемува, пропорционално ќе се зголеми и бројот на полицајците. Тоа е општо правило во светот.
Србите убаво велат: “Нужда мења закон”!!!
Веле Митаноски
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите