Оптштите матични стоматолози од Охрид денеска на мирен протест изразија незадоволство од новиот Договор за обавување на дејноста понуден од Фондот за здравствено осигурување.

Тие сметаат дека истиот е штетен како за нив така и за пациентите. Бараат одложување на неговата примена и нови преговори во кои ќе бидат вклучени претставници на фелата. Истакнуваат дека нивниот труд е потценет во споредба со општите лекари чиј капитациски бод е значително повисок од тој на стоматолозите. Предупредија дека доколку не им се подобри стандардот, многу матични стоматолози ќе ги затворат ординациите.

Г.М.