Англискиот репрезентативен играч за врска на лондонски Челси, Френк Лампард, е најдобриот премиерлигашки играч на декадата, според официјалната статистика, објави весникот „Сан“.


Според статистиката, 31-годишниот ас на „сините“ одиграл најмногу средби во Премиер-лигата, има најмногу победи, втор е по бројот на асистенции и четврти најдобар стрелец. Лампард за пет меча го победил Џејми Карагер од Ливерпул по број на премиерлигашки мечеви, има 346 во оваа декада, од кои 210 завршиле со победа. Втор е кај асистенциите, зад Рајан Гигс со 76 создадени шанси за гол, постигна 100 погодоци и е четврти во категоријата во која Тиери Анри со 169 гола за Арсенал е неприкосновен.

Лампард на „Стемфорд бриџ“ дојде во јуни 2001 година, и тоа од еден од најголемите ривали во Западен Лондон, Вест хем. Потегот на тогашниот кормилар Клаудио Раниери да го доведе Лампард е еден од најголемите трансфери по вредност во историјата.

ohridnews