Мексиканецот во дресот на “црвените ѓаволи“ го постигна победничкиот погодок со Волфс во Карлинг купот, два пати мрежата ја тресеше во победа над Стоук со 2-1. Во 2-то коло од Лигата на Шампиони на земја ги спушти “лилјаците“ со гол во финишот на натпреварот.
– Полека но сигурно Олд Трафорд добива но јунак. По она што го видов од “Чичарито“ во овие натпревари можам да земам храброст и да изјавам такво нешто – вели Алекс Фергусон.
– На тренинг доаѓа прв, последен си заминува. Тој мал фудбалер со секој ден поминат се повеќе ме освојува – заврши менаџерот на “црвените ѓаволи“.