– Вејн Руни имаше одлични прилики за погодок но немаше среќа а на голот на Сандерленд беше расположениот Гордон. За него е битно што формата му е во нагорна линија и заедно со Бербатов го сочинуваат “убиствениот“ тандем на “ црвените ѓаволи“. Изминативе неколку натпревари одигравме солидно. На теренот сме доследни, одбраната е сигурна тоа не прави да уживаме победите на екипата – смета “стариот лисец“ на клупата на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.
Вечерва со градското дерби помеѓу Арсенал – Челси ќе се комплетира колото одиграно на “боксинг деј“.