Минатиот викенд на терените ширум Европа се случија неколку фудбалски пародии и спортсата етика претрпе сериозен удар. Во најсилните евро- првенства во самиот финиш се одлучува кој ќе биде новиот првак, па така со исклучок на Германија, во остантите првенства ситуацијата беше трагикомична.

Ливерпул “силно“ се обидуваше да го запре Челси (0-2) во походот кон титулата. До колку тие ги запреа “сините“ нивниот најголем непријател Манчестер Јунајтед ќе стигнеше до 19 титула сп што ќе ги преминеше на вечната листа. Само неколку дена по елиминацијата од полуфиналето во Лигата Европа, капитенот на “црвените“ Жерард со додавање од пола терен му поколни предност на ривалот, а лошиот ден беше заоокружен со повредите на Макси Родригез и Џејми Карагер.

Во Шпанската Примера, Атлетико Мадрид претпре “неочекуван“ пораз од Севиља (1-3), овозможувајќи им уште една шанса да се квалификуват за Лигата на Шампионите. Тимот од Андалузиија тим е на четвртото место, само два поени пред Мајорка. “Јорганџиите“ ќе играат  во финалето на Лигата на Европа, на 19 Мај, со што автоматски им е обезбедн пласман во истата конкуренција и следната сезона , па одлучија да ги “затоплат“ односите со клубот кој се бори за ЛШ.

Најинтересно беше во Италија, каде на “Олимпико“ на теренот каде пред осум години Интер ја загуби веќе освоената титула по поразот од Лацио со 4-2. Место Интер, Јувентус тогаш стана нов првак на Италија. Но викендов на Интер, не му се повтори “5 Мај’ на општо задоволство на сите навивачи на Лацио. Да , во трка за титулата е нивниот крвен непријател Рома, па така навивачите му скандираа на својот голман да престане да брани, а кулминацијата се доживеа по вториот гол на Интер кога од целиот стадион се слушаа извици на радост.

Сите овие натпревари се “добро“ спаковани и никој од водечките луѓе нема да има забелешки, но нека внимаваат зошто “лесно“ може да им се случи “случајот Победа“.

М.Постоловски