Во првото коло од ТОП 16 фазата на кошаркарската Евролига, кошаркарите на Партизан  успеaja на гостувањето во Атина да го совладаат актуелниот европски првак Панатенаикос. Дуле Вујошевиќ за овој дуел не можеше да смета на својот најдобар играч, центарот Алекс Мариќ, но затоа пак остатокот од екипата предводени со 13те поени на чехот Јан Весели и дабл-даблот на Лоренс Робертс од 12 поени и 10 скока ја пополнаа таа празнина. Иако комплетен, тренерот на Панатенаикос, Жељко Обрадовиќ, не можеше да се справи со цврстата одбрана на белградските црно-бели.

РЕАЛ во Мадрид сосема очекувано го совлада Ефес Пилсен со 77-70. Тројца играчи кај кралевите завршија со двоцифрен  учинок: Луис Булок со 12, а литванскиот тандем Даријус Лавринович и Римантас Каукенас имаа по 11 поени.Чарлс Смит беше најуспешен кај гостите со 18 поени и 7 скока.

И ЦСКА успешно ја  започна ТОП 16 фазата, совладувајќи ја екипата на Уникаха Малага со 86-78 пред својата публика во Москва. Рамунас Шишкаускас имаше фантастична вечер постигнувајќи дури 23 поени за екипата на ЦСКА, погодувајќи 4 од 5те обиди за 3 поени. Во поразената екипа најпрецизен беше Хуан Диксон со 17 поени.

К.Д.