Манчестер Јунајтед по неверојатниот пресверт во дуелот со Астон Вила на Олд Трафорд остана лидер во Премиер лигата. Италјанецот Федерико Мачена со погодок вреден три бода во судиското продолжение го зачини солидното деби во дресот на ѓаволите.
– Ова е најубавиот ден во мојот живот и отсекогаш сонував за вакво нешто. Неможам да опишам колку уживав додека бев на теренот. Ќе го памтам овој погодок до крајот на животот, сакам да продолжам да напредувам и да се изборам за место во првиот тим. – рече 17-годишниот
Федерико Мачена.
Мачена во Манчестер пристигна од редовите на Лацио.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com