Победникот на регионалното музичко шоу Даниел Кајмакоски кој деновиве престојува во Македонија, каде да се појави предизвикува мал „земјотрес“. Насекаде е опкружен од обожаватели, а неговите јавни настапи се претвораат во мини концерти. Така беше и вчера при посетата на Даниел на родното Мислешево каде го пречекаа неколку илјади фанови од охридско и струшко. Даниел отпеа дел од песните со кои стекна голема популарност на Балканот, кој допрва треба вистински музички да го освојува. Судејќи по популарноста, мисијата веќе е отпочната.
Фановите во еуфорија по Даниел Кајмакоски
OhridNews