Фаќачот на крстот, Петар Рупески од Варош, денеска ќе ги посети домовите на охриѓани кои ќе го даруваат. Вели дека е пресреќен и оти секогаш кога ќе го фати крстот му се случуваат убави работи.
Богојавленските чествувања кај градското пристаниште ги следеа неколку илјади граѓани. Тие полнеа вода од осветеното езеро и се миеа за здравје. Пиеја греана ракија и вино, а заиграа и оро. Повозрасните охриѓани се сеќаваат дека празникот Водици отсекогаш свечено се одбележувал, а туристите, пак, беа одушевени од традицијата на Охрид.
Г.М.